
Милановиќ: Палестина е прашање на човештвото на 21 век
Претседателот на Републиката и врховен командант на хрватските вооружени сили Зоран Милановиќ денес во хрватска Дубица изјави дека не сака да верува оти премиерот Андреј Пленковиќ им дозволил на луѓето во Европскиот парламент да гласаат против ембаргото за извоз на оружје во Израел.
Препорачано
Милановиќ, откако им оддаде почит на ветераните кои загинаа во операцијата „Уна 95“, им рече на новинарите дека треба да се зборува за прашањето на Палестина, прашањето на човештвото во 21 век.
Тој додаде дека „војните обично избувнуваат кога оној што ја започнува војната е сигурен дека ќе се извлече“.
„Израел е неограничено вооружена земја за условите на Блискиот Исток. Санкциите за извоз на оружје во Израел од Европа требаше да бидат на сила со години. Тие не престануваат да ги масакрираат овие луѓе и нема да престанат. Ние не можеме да го спречиме тоа, но можеме да го забраниме извозот на смртоносни средства од Европа во Израел“, рече Милановиќ.
Што се однесува до Хрватска, тоа е прашање на лице и не е неважно како ќе гласаат хрватските членови на Европскиот парламент.
„Тие ја претставуваат Хрватска и се враќаат во Хрватска и таму си ги средуваат сметките. Како гласаше хрватската делегација? Ми се чини дека гласаат без никаква координација со СДП, а сакам да верувам без координација со ХДЗ. Не сакам да верувам дека Пленковиќ им дозволил на луѓето во ЕП да гласаат против ембаргото за извоз на оружје за Израел.Целиот клуб на ХДЗ и овој од ДП гласаа против, Како граѓанин на Хрватска, би сакал да ја чујам причината зошто го прават ова. Хрватите имаат посебна морална одговорност да предупредат за такви работи.“ изјави Милановиќ.
Тој додаде дека што се однесува до координацијата, Пленковиќ ја игнорира и може да го стори тоа затоа што не ги сноси последиците.
Милановиќ, исто така, рече дека е потребно да се разговара со Русите за да се избегне војна, објавија хрватските медиуми.