фото: EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Милан и Интер го претставија планот за новиот Сан Сиро

Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер на градските власти на Милано им доставија досие за изградба на нов стадион во областа Сан Сиро, со што направија значаен чекор кон реализација на овој амбициозен проект.

Според планот, клубовите имаат намера да го преземат од градот 98-годишниот стадион и околината, додека изградбата на самиот нов стадион со капацитет од 71.500 седишта би требало да чини околу 700 милиони евра.

Покрај стадионот, проектот опфаќа и развој на околината во спортска тврдина со музеј, продавници, канцеларии, хотел и зелена зона.

Во план е и „повторна функционалност“ на легендарниот стадион „Сан Сиро“, официјално наречен Џузепе Меаца, а се очекува овој дел од проектот да чини дополнителни 500 милиони евра.

Се очекува новиот стадион да биде завршен до 2031 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот