Христијан Мицкоски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје/Фото: Драган Митрески-Слободен печат

Мицкоски тврди дека јавниот долг не е зголемен, туку намален

Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, рече премиерот

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, одговори премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозицијата дека јавниот долг се зголемил.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го направи оваа Влада за нешто повеќе од една година е спротивен процес на задолжување.

– Не можам да ги разберам пораките од СДСМ. Факт е дека во март имавме намалување на јавниот долг за 4,7 отсто од БДП, вративме еврообврзница од половина милијарда евра што ја зема претходната власт во 2018 година, Министерството за финансии жестоко се бори да ја одржи макроекономската стабилност без притоа да имплементира нови давачки, без да ги зголеми ДДВ и возраста за пензионирање, нешто што е барање и на меѓународните институции, да ги вратиме 50-те милиони евра данок на солидарност… Сè што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не за плати и пензии како што правеше претходната власт, а сепак наоѓаме ликвидност, да реализираме проекти, се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме на под четири отсто. Знам колку вложуваат сите владини членови и Министерството за финансии за да се одржи макроекономската стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, зголемени се пензиите, вративме плати – потенцира Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот