Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Мицкоски: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни овие плати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип рече дека судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту сегашните плати, а камоли да им бидат зголемени, како што бараат од ЕУ.

Тој нагласи дека чувствува мачнина кога слуша за зголемување на платите на судиите и обвинителите, со оглед дека имаат само 2% доверба од граѓаните.

„Моите ставови за судството и обвинителството се многупати кажани, и секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во законите за реформи во судството, основната суштина е зголемување на буџетот, а со тоа и зголемување на платите на судиите и обвинителите, кои имаат рејтинг 2%, а се бара зголемување на платите 0,8% од БДП на судиите и 0,5% на обвинителите. Секогаш чувствувам мачнина, затоа што сега и овие плати не ги заслужуваат“, изјави Мицкоски.

Тој рече дека кога „таканаречените експерти излегуваат во јавноста и ја критикуваат Владата за застој на реформите во обвинителството и судството“, на граѓаните треба да им се објасни што е суштинската реформа. Како што кажа Мицкоски, во делот на законите за судиите и за обвинителите не се бараат некои реформи, туку единствено да се зголемат нивните плати.

Според Мицкоски не е проблемот во зголемувањето на платите, туку дека тоа треба да се заслужи.

Обвинителката за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска, вчера го демантираше Мицкоски и рече дека никогаш не зела повисока плата од редовната, платата не ѝ ја одредува државниот обвинител со Правилник и е единствениот обвинител кој работи од сопствената држава. Нејзината реакција следува откако Мицкоски на брифинг со новинарите во петокот тврдеше дека имало пракса претставникот во Европравда да прима ненормално висока плата.

Европа бара, но Мицкоски не дава да им се зголемат платите на судиите и на обвинителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот