Мицкоски: Од ДУИ ме нарекуваат анти-Албанец зашто гласно говорам за нивниот криминал

Фото: facebook/printscreen

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крушево рече дека на овие претседателски избори ќе с еодлучува за Македонија да не биде „како до сега“. Ги повика граѓаните да го дадат гласот за Гордана Силјановска Давкова.

„За да не биде како до сега каде што Македонија е украдена од страна на една мала група луѓе, петмина дел од раководството на ДУИ, и неколкумина нивни измеќари од СДСМ. Ова го потенцирам свесен дека уште кратко време ќе биде градоначалник од СДСМ овдека во Крушево и очекувам во 2025-та година да настане таква промена и да се случи. Се обидувам на сите настани да се обратам и до оние кои што во минатото го дале својот глас и на СДСМ или на оние малкумина кои што се уште се дел од структурата на СДСМ или ги поддржуваат политиките на СДСМ. На овие избори јасен е победникот, на овие избори победникот ќе биде Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“. А, следниот претседател ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека на овие избори покрај оваа основна цел, другата задача и цел ќе биде конечно Али Ахмети и ДУИ да се испратат во политичка пензија.

„Многумина од раководството на ДУИ ме обвинуваат дека сум бил анти Албанец, дека сум бил ксенофоб. Зошто? Затоа што сум зборувал гласно за криминалот на овие луѓе. И не зборам за сите членови и симпатизери на ДУИ туку зборувам за неколкумина кои што се дел од раководството и кои што изминативе повеќе од две децении се дел од власта во Македонија и ја ограбуваат, засрамуваат и понижуваат Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот