Христијан Мицковски - претседател на ВМРО-ДПМНЕ / Фото „Слободен печат“- Методи Здравев

Мицкоски: О‘Брајан можам како професор да го советувам за патничко возило

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на лидерската средба за датумот на изборите рече дека очекува уште една гимнастика од страна на премиерот Димитар Ковачевски и владините партнери.

-Побарав лидерска средба во формат кој што тие ќе го изберат, правеа обиди за политички гимнастики за на крај повторно да завршиме на една таква лидерска средба. Изгубеното време не може да го вратиме, за жал тоа изгубено време нѐ чини уште некое време на владеење на неспособната и криминална власт. Но за неколку месеци од денес ќе им дојде крајот и ќе има одговорност- вели Мицкоски.

За изјавата на американскиот помошник државен секретар О‘Брајан, Мицкоски рече дека секоја изјава која доаѓа од стратешки партнер треба да се анализира.

– Јас како машински инжинер на студиите сум ги положил предметите како што се моторни возила и возила со внатрешно согорување со оценка 10 и доколку на некој му е потребен мој совет какво патничко возило да купи му стојам на располагање, а јас сум универзитетски професор кој што доаѓа од часови во моментов и предава Механика 2, тоа е динамика- рече Мицкоски.

На прашањето дали денес на лидерската ќе побара укинување на техничката влада и дали би гласал за уставните измени ако власта ја укине техничката влада, Мицкоски рече дека тој не се шегува кога ја кажува позицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Бидејќи вчера политичар на заминување (алудира на министерот за надворешни работи, Бујар Османи) имаше интервју на национален медиум и кажа дека е сигурен и дека тврди дека ќе има уставни измени дали сега или за 6 месеци, еве јас ќе ви кажам дека уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат, додека не видиме јасно поместување на хегемонистичките и асимилаторски политики на нашиот источен сосед кон македонската заедница во Бугарија-вели Мицкоски.

Според него, техничката влада не е предмет на оваа средба ниту пак уставните измени туку датум за парламентарните и претседателските избори.

За двојното убиство, Мицкоски рече дека денеска е тежок ден и за Македонија, и за сите нас.

-Нема зборови со кои што можам да ја изразам сопствената болка. Нема зборови со кои што може да се изрази болката, а истовремено да се утешат најблиските кои што за жал изгубија двајца луѓе, драги луѓе. И навистина претставува за мене тежок момент и како родител, и како човек. Посебно сум разочаран и згрозен од тоа што бев избрифиран, а и делумно го гледав, а што претставуваше прес конференција на оние двајца луѓе пред некоја минута. Таму слушнавме енциклопедиски информации без ниту еден конкретен доказ, без ниту нешто кое што МВР требало и Обвинителството да го преземат – рече Мицкоски.

Тежок ден и навистина мое големо сочувство, најдлабоко сочувство до семејствата на трагично загубените човечки животи, порача тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!