Фото: Facebook/Артан Груби

Мицкоски го повика Груби и другите бегалци да се вратат и да се соочат со доказите

Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали за тоа дали македонските власти соработуваат со албанските власти за пронаоѓање на поранешниот вицепремиер, Артан Груби, за кој се шпекулираше дека е во Албанија, ниту дали соработуваат со други земји.

-Не би сакал да шпекулирам, но јас ги повикувам сите оние кои се бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат фактите, аргументите и доказите пред органите, за да можеме да извлечеме заклучок дали се тие виновни за тоа за кое постои основано сомневање или не се виновни. Не би можел да откривам други детали за бегалците од правдата – рече Мицкоски.

Поранешниот заменик на владата ја напушти земјава откако за него беше отворена истрага поврзана со злоупотреби во „Државна лотарија“ и засега нема официјална информација каде се наоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот