Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук

Мицкоски: Идентификувавме 20-на осомничени за пожарите, во моментов заседава врвот на МВР

Во моментот заседава врвот на структурите во Министерството за внатрешни работи, идентификувани се 20-на лица за кои постои основано сомнение дека стојат зад подметнувањето на пожарите, рече премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општината Јагуновце.

Тој додаде дека имале дојави кои изминатите денови ги собирале и дека во координирана акција МВР и Министерството за животна средина ќе постапуваат во следните денови.

„Видовте утрово се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект кој што изби утрово во 4.30 часот. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од противпожарната единица на град Скопје. Видовте како дрско се подметнува пожар, и тоа е само еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека за жал постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една мала анализа ќе го добиете самите ако ја направите“ им рече Мицкоски на новинарите.

Според него, има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир.

„Но, како што реков, тие ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме“ порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот