
Метју Пери конечно ќе ја раскаже својата приказна: Автобиографија вредна милионска сума
Метју Пери вели дека сега е време – да се отвори и фановите искрено да можат да ја слушнат т.е. прочитаат неговата приказна. Ѕвездата од серијата „Пријатели“, Метју Пери ќе објави „непоколебливо искрена“ автобиографија за неговото време на хит серијата и неговите проблеми со зависностите.
Препорачано
Неговата книга, за која сè уште не е избран наслов, ќе биде издадена следната есен, а во неа Пери ќе ги понесе читателите на патешествие „зад сцените“ на големото шоу „Пријатели“.
View this post on Instagram
Мемоарот отворено ќе зборува за неговата озлогласена борба со зависностите од апчиња и алкохол, кои имаа силно влијание на неговиот изглед, глума и однесување во текот на неговата кариера.
Правата за книгата биле откупени од страна на издавачот пред таа да биде дадена на аукција, а за сумата се шпекулира дека се работи за седум-цифрена бројка.
View this post on Instagram
„Мемоарот на Пери, кој е прв од член на екипата на „Пријатели“, е непоколебливо искрен, намќорест и смешен: ова е книга која фановите на „Пријатели“ ја очекуваа долго време, но во истовреме силно ќе ги осветли сите кои водат своја битка за себеси или некој нивни близок“, изјавија од Флатирон, дел од Макмилан.
View this post on Instagram
Издавачот на книги на Флатирон, Меган Линч, посочи дека ни е потребен хумор, ни треба катарза, и ни треба да се согласиме за нешто – и неверојатната приказна на Метју Пери раскажана преку неговиот неповторлив глас е токму тоа нешто што ни е потребно.
„Книгата на Метју има неоспорлив потенцијал, да ги сплоти луѓето, што се чувствува дека е особено стимулирачки во моментов, во ова време на изолација и поделба“, изјави Линч.
View this post on Instagram
Метју Пери беше добро познат актер во 90-тите, најпознат по неговото 10-годишно остварување во серијата „Пријатели“ која се емитуваше од 1994 година. Познато е за фановите дека Пери се бореше со зависности во текот на целото емитување на серијата, значително и забележливо флуктуирјќи со тежина и расположение, а тој изјави и дека не се сеќава на најмалку три сезони од серијата заради проблемите со алкохол и апчиња за болка.
View this post on Instagram