Месечните карти за паркирање дупло ќе се зголемат

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Советниците на Градот в среда треба да одлучат дали ќе го прифатат барањето на ЈП Градски паркинг, да се зголеми цената за паркирање. Претпријатието бара поскапувањето на еден час паркирање да поскапи за пет денари, а поскапувањето да важи за зонските паркиралишта, отворените паркиралишта како и за во катните гаражи.

Во образложението на претпријатието се вели дека причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието.

-Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата, образложуваат од претпријатието.

Поскапувањето на паркирањето најмногу ќе го почувствуваат они кои вадеа месечни карти. Отсега наместо 1.000 денари месечно, цената двојно ќе се зголеми, односно ако се прифати предлогот, ќе биде 2.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот