Aнгела Меркел и Олаф Шолц/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Меркел: Никогаш не би коалицирала со Шолц и левицата

Германската канцеларка Ангела Меркел ја одби можноста да коалицира со социјалдемократот Олаф Шолц и неговата левичарска партија Линке (Левица) по националните избори кои ќе се случат на 26-ти септември, тврдејќи дека едноставно „постои голема разлика“ меѓу неа и идеалите на Шолц кога станува збор за иднината на Германија, пренесува Ројтерс.

„Додека јас сум канцелар, никогаш нема да има коалиција во која е вклучена партијата Линке, а дали Олаф Шолц ја дели оваа позиција или не, останува отворено“, рече Меркел на заедничката прес -конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Во овој контекст, едноставно постои огромна разлика помеѓу мене и него во врска со иднината на Германија“, додаде германската канцеларка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот