Меркел: Косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Белград изјави дека косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ, но дека сите други отворени прашања во процесот на европска интеграција треба да се решат пред тоа.

На прашањето дали признавањето на Косово е услов за членство на Србија во ЕУ, Меркел на заедничката прес -конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „некои прашања ќе бидат решени на крајот на процесот” на европската интеграција на Србија, јави Бета.

– Ова прашање (Косово) мора да се реши со цел земјите -членки на Унијата да одговорат потврдно за пристапувањето на Србија во ЕУ. Но, нема смисла да се разговара за крајот на тој процес пред да се решат другите проблеми. Јас сум за прагматичен пристап. Тој мора да се реши, но јас сум за патоказот, каде што сите други прашања се решаваат прво, рече Меркел.

Таа изјави дека ЕУ мора да има „многу разбирање за конфликтите што треба да се надминат” и посочи дека на Германија и треба „долго време кога станува збор за единство и признавање на границите и слични прашања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот