Фото: Chris DELMAS / AFP / Profimedia

Мемоарите на Бритни Спирс го принудија Џастин Тимберлејк да направи голема промена на Инстаграм

Целиот свет зборува за мемоарите на поп-ѕвездата Бритни Спирс (41) со наслов „The Woman in Me“, во кој е детално опишан нејзиниот приватен живот.

Меѓу сите приватни детали, пејачката откри дека нејзиното поранешно момче, пејачот Џастин Тимберлејк (42) ја натерал да испие апче за абортус. Откако го објави тоа јавно, следбениците на Џастин почнаа да го напаѓаат на социјалните мрежи, поради што тој беше принуден да направи голема промена на Инстаграм, пишува „Пејџ сикс“.

Пејачот всушност ги исклучи коментарите на сите објави на неговиот инстаграм-профил.

„Џастин ја донесе оваа одлука поради коментарите со омраза и одвратните работи кои му ги пишуваа луѓето“, пренесува „Пејџ сикс“ од извор близок на пејачот.

Во мемоарите Бритни пишува дека Џастин воопшто не бил среќен за бременоста, мислел дека и двајцата се премногу млади за да имаат дете, па ѝ дал апчиња за абортус и ѝрекол дека сè ќе биде добро.

„Отидов во тоалет и останав таму со часови. Продолжив да плачам и да врескам додека не заврши сè. Не се сеќавам како заврши, но се сеќавам, 20 години подоцна, на болката и стравот“, напишала пејачката во своите мемоари.

Иако на својот инстаграм-профил Џастин ја укина можноста за коментирање, корисниците на социјалниот медиум Икс не престануваат да пишуваат коментари со омраза.

„Фактот што Џастин Тимберлејк ја замолил Бритни Спирс да абортира, ја принудил тоа да го направи дома затоа што не сакал да излезе во весниците, а потоа седел и свирел гитара додека таа лежела на подот во бањата од болка. Тој човек за мене е повеќе од мртов“, грубо напиша еден корисник.

„Во моментов ја слушам аудио-книгата од автобиографијата на Бритни и Џастин Тимберлејк мора да плати за неговите злосторства“, изјави друг корисник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот