Д-р Реџеп Мемеди -директор на детска клиника / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мемеди: Зголемен е бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции на Детската клиника

Реџеп Мемеди, директорот на Детската клиника, информира дека на клиниката е зголемен бројот на пациенти со респираторни и цревни инфекции.

-Во овој дел од годината доминираат сезонските вируси кои се почести. И тоа е скоро секоја година во овој дел од годината. Имаме зголемен број на пациенти со респираторни симптоматологии и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега – рече Мемеди на денешното промовирање на апаратури во Детската клиника.

Директорот Мемеди нагласи дека работат со полн капацитет и се обидуваат максимално да направат правилна тријажа и потешко болните пациенти да ги задржат на болничко лекување.

Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари 2025 година посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип. Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека министерството ќе ги разгледува случаите во кои загадувањето на воздухот прави штета на здравјето на пациентите.

-Тоа го работат експерти. Меѓутоа, во Министерството за здравство имаме екипа која што подготвува такво нешто. Меѓутоа сепак тоа не е цел само на Министерството. Ние го разгледуваме повеќе тоа што загадувањето прави штета на здравјето на пациентите, рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот