Меланија Трамп е подготвена добро да заработи за Божиќ: Вели дека „Колекцијата 250“ ја направила поради љубовта кон Америка

Првата дама на САД е подготвена за Божиќ – а подготвена е и добро да заработи од празникот.

Таа ја претстави најновата колекција божиќни украси инспирирани од нејзината љубов кон Америка.

„Колекцијата 250“ вклучува шест божиќни украси во ограничено издание дизајнирани во чест на Америка и претстојната 250-годишнина од независноста.

Како што е наведено, секој украс е рачно изработен во Соединетите Држави и доаѓа со изгравиран потпис на Меланија, како и со опција за дополнителна нарачка на дигитален колекционерски предмет.

Украсите може да се купат навеб-страницата usamemorabilia.com, а цените за украсите за елка се движат од 75 до 90 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Инаку, Доналд Трамп, веќе има многу популарна веб-продавница „Trump Store“, каде што ги продава сите можни артикли со името Трамп и името на неговата резиденција во Флорида, Мар-а-Лаго.

Може да се купат бањарки со името на Трамп, шолји, миризливи свеќи, опрема за голф, облека и разни модни додатоци, па дури и послужавници за кашкавал, а има и низа производи за деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот