Мексико и Канада во обид да го намалат бројот на молби за азил

Мигранти од Мексико на пат кон САД / Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата Влада работи на жалба од Канада поради големиот број барања за азил од Мексиканци.

Според канадскиот Одбор за имиграција и бегалци, во периодот од јануари до септември 2023 година, Мексиканците поднеле најмногу барања за азил – 17.500, многу повеќе од државјаните на Хаити, кои поднеле нешто повеќе од 8.500.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо минатата недела истакна дека Отава е во преговори со Мексико за да се намали бројот на барања за азил од Мексиканците. Според него, некои луѓе добиваат поддршка од организираниот криминал за да стигнат до канадска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот