Професорката Светлана Слапшак ќе одржи пленарно предавање на конференцијата

Меѓународна научна конференција за митот и драмата за првпат ќе се одржи во Скопје

Во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на 29 и 30 ноември ќе се одржи дводневна меѓународна научна конференција со наслов „Мит и драма: современи интерпретации“.

Настанот е организиран под покровителство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје; Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје; и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје.

Повеќе од педесет експерти од областа на хуманистичките науки и театарските студии, кои истражуваат во земјава и во странство (Франција, Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, Србија, Бугарија, Мароко, Финска и др.) ќе дискутираат за комплексните релации меѓу драмата и митот, од времето на антиката па сѐ до денес, во глобални рамки.

Конференцијата предвидува и две пленарни предавања, од истакнати професорки од оваа област: Светлана Слапшак (редовен професор и декан во пензија, Институт за балкански и медитерански студии и култура, ИБАМЕСК, Љубљана) и Катерина Колозова (редовен професор и директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје).

Свеченото отворање на конференцијата е закажано на 29 ноември, во 10 часот, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. По завршувањето на конференцијата, предвидени се и презентации на резултатите од работилниците наменети за студенти, по креативно пишување и театарска изведба, кои ги водеа професорите Зоја Бузалковска, Маја Стевановиќ и Александар Степанулески од Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот