Медведев во посета на Кина

Дмитриј Медведев/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY /

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ненајавено го посети Пекинг каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг со кој разговарале за војната во Украина.

Медведев, кој сега е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, објави видео на својот канал на Телеграм на кое се гледа неговата средба со Си, а потоа и снимка од средба меѓу кинески и руски официјални претставници.

Медведев рече дека со Си разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете земји „без ограничувања”, како и за Украина. Тој не соопшти повеќе детали.

– Разговаравме за соработката меѓу двете владејачки партии на Кина и Русија … билатералната соработка во рамките на нашето стратешко партнерство, вклучително и во областа на економијата и индустриското производство. Разговаравме и за меѓународни прашања – вклучувајќи го, се разбира, конфликтот во Украина, рече Медведев.

– Разговорите беа корисни, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот