Медведев: Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне

Фото: Wikimedia / government.ru

Советот Украина-НАТО ќе престане да постои, бидејќи една од земјите во него ќе исчезне, напиша на англиски заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Твитер, цитираат руските медиуми.

Медведев потсети дека Советот Русија-НАТО е формиран во 2002 година и „сите знаат како завршил“.

„Овој пат ќе заврши поинаку. Советот ќе престане да постои, бидејќи една од земјите ќе исчезне“, напиша тој.

Инаку шефовите на држави или влади на членките на НАТО на Самитот во Вилнус донесоа важни одлуки во критичен момент за нашата безбедност, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Вториот елемент, како што нагласи, е формирањето на новиот Совет НАТО-Украина, замислен како форум за кризни консултации и одлучување, каде што двете страни ќе настапат како рамноправни партнери, кој утре ќе го има својот прв состанок на кој ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот