Медведев: Руските сили, во следната фаза, би можеле да тргнат да го освојуваат Киев

Дмитри Медведев / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT POOL MANDATORY CREDIT

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе мора да си заминат.

Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.

Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“.

– Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС.

Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување.

Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“.

– Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот