Медведев: Неприфаќање на примирјето значи помалку проблеми за руските војници

Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев денеска изјави дека Киев со одбивањето на примирјето не ја прифаќа „раката на христијанската милост”, но тоа значи и „помалку проблеми“ за руските војници.

Тој истакна дека му е жал за луѓето кои ја изгубиле можноста да одат во црква.

– И свињите немаат вера, немаат вродено чувство за благодарност. Тие разбираат само брутална сила, наведе Медведев, додавајќи дека западните земји го инструираат Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт почнувајќи денеска на пладне.

– Со оглед на апелот на неговата светост Патријархот Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот на целата линија на фронтот во Украина од 6 јануари напладне до полноќ на 7 јануари, изјави Путин.

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил повика на божиќен прекин на огнот во Украина и Донбас. Тој истакна дека тоа е неопходно за православните верници да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на Божиќ.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак вчера изјави дека Киев не прифаќа никаков мировен договор со Москва што ќе овозможи Русија да ја задржи окупираната украинска територија.

– Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо, напиша Подољак на Твитер.

Украина и нејзините сојузници оценија дека Русија донела одлука за примирје за да добие на време.

Русија на 24 февруари минатата година ја нападна Украина. Досега немаше примирје на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекин на огнот, во април и во мај 2022 година кога цивилите беа евакуирани од фабриката во Мариупол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот