Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Во текот на вчерашниот прв ден на Вимблдон видовме едно големо изненадување во кое Французинот Бенџамен Бонзи кој е 64. тенисер на АТП листата го елиминираше Данил Медведев.

Бонзи одигра фантастичен меч и славеше со 3:1 во сетови (7-6, 3-6, 7-6, 6-2), со што го исфрли еден од фаворитите на турнирот, кој пред само две и пол години се најде на врвот на светскиот тенис.

Медведев, кој воопшто не беше на своето ниво, во текот на мечот не можеше да поверува што му се случува и фрустрирано реагираше на играта на својот противник. Во еден момент рускиот тенисер во моменти на немоќ на интересен начин ја коментирал играта на противникот.

„Зошто не игра вака секој ден, да заработува милиони и не стане богат? Не, тој одлучува тоа да го направи еднаш годишно,“ – коментирал Медведев за време на вториот сет.

Изјавата првично ја објави тенискиот новинар Бастиен Фашан, но видеото подоцна беше избришано од социјалните мрежи поради авторски права од Вимблдон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis (@underarmserve)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот