Мецола смета дека ЕУ треба да се реформира за да функционира со поголем број земји-членки

Роберта Мецола
Роберта Мецола / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европа мора да биде подготвена за реформи и да прифати дека она што функционира за сегашниот број членки на Европска Унија нема да функционира со поголем број, изјави денеска во Стразбур претседателката на Европски парламент Роберта Мецола.

Таа се осврна на потребата од ревидирање на договорот за ЕУ, за кој ЕП се залагаше во минатогодишната резолуција, за да се исполнат очекувањата на граѓаните и предлозите на Конференцијата за иднината на Европа.

– Не можам да оправдам дека поминавме година и пол на Конференцијата за иднината на Европа со одлични заклучоци и многу големи изјави, а потоа – ништо. Мораме да бидеме подготвени да прифатиме дека она што некако функционира за 27 (членки), нема да функционира за 32, 33 или 35 и дека мора да бидеме подготвени за реформи, посочи Мецола.

Таа нагласи дека не се работи само за заедничка земјоделска политика или за укинување на едногласноста во надворешната политика, туку дека политичарите треба да разберат дека ЕУ е „посилна и побезбедна и политички и економски ако е поголема“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот