Меч на годината за ЖКК Бадел 1862, против Партизан за пласман во ВАБА Супер лигата

ЖКК Бадел 1862 во клучна пресметка против белградски Партизан/Фото: facebook.com/WomenBasketballClubBadel1862/

ЖКК Бадел 1862 се наоѓа пред историски пласман во WABA Супер лигата, нешто што досега не ѝ успеало на ниту една македонска женска кошаркарска екипа.

Во среда, 15 декември 2021 година со почеток во 20.00 часот во спортската сала „Независна Македонија“, Кисела Вода – Скопје, ќе се одигра натпреварот од последното коло од групната фаза во WABA лигата против директниот конкурент за пласман во Супер лигата, белградски Партизан.

На табелата, ЖКК Бадел 1862, моментно на четвртото место е со учинок од три победи и шест порази, додека петтопласираниот Партизан има една победа помалку.

Нашиот женски кошаркарски клуб на првиот меч во српскиот главен град забележа победа со резултат 73:70.

Клубот ги повикува љубителите на кошарката во среда да бидат ветер во грб и шести играч, во обидот за историски исчекор како за ЖКК Бадел 1862 така и за македонскатаженска кошарка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот