
„Мажите го уништија женското тело“: Ѕвездата на „Oppenheimer“ одговори на критиките дека ги покажала „малите гради“
Актерката Флоренс Пју (27) е една од најталентираните актерки од нејзината генерација, но и жена која не се плаши да експериментира кога станува збор за модата.
Препорачано
Во разговорот со Џоди Тарнер-Смит, за октомврискиот број на „Ел“, таа сподели зошто решила да го прифати своето тело. Пју, која неодамна го привлече вниманието на јавноста со улогата во филмот „Oppenheimer“ со Килијан Марфи, потврди дека се чувствува удобно и среќно во своја кожа.
„Зборувам за моето тело како што зборувам затоа што не се обидувам да го сокријам целулитот на бутовите или браздата помеѓу раката и градите. Претпочитам сѐ да разоткривам“, рече таа и додаде: „Мислам дека најстрашното нешто за мене е кога луѓето се вознемирени затоа што мислат дека сум покажала премногу од себе“.

Минатиот јули, Пју се соочи со критики бидејќи облече розов фустан кој ги покажа нејзините брадавици на ревијата на високата мода на „Валентино“ во Рим, Италија.
И покрај тоа што со својот изглед воодушеви многумина, таа се соочи со критики за нејзините физички маани и „мали гради“. Тогаш таа се изјасни на својот инстаграм-профил.
„Беше интересно да се види и да се сведочи колку им е лесно на мажите целосно да го уништат женското тело. Јавно, гордо, за сите да видат. Многумина од вас агресивно сакаа да ми кажат дека моите ‘мали гради’ ве разочараа или дека треба да се срамам што сум толку ‘рамна’. Долго време живеам во моето тело. Целосно сум свесна за големината на моите гради и не се плашам од тоа“, одговори актерката.

Во интервјуто за „Ел“, таа откри што мисли за тоа зошто луѓето биле толку згрозени по нејзиното појавување.
„Сè тргна надолу пред една година кога ги покажав моите брадавици низ парче ткаенина во розов фустан на ‘Валентино’. Тоа многу ги вознемири луѓето“, рече Флоренс.
„Луѓето се плашат од слободата. Факт е дека ми е удобно и среќно. Понижувањето на жените со коментирање на нивните тела функционира долго време“.

Иако многу луѓе сѐ помалку се грижат за туѓите коментари, Пју вели дека сме исплашени од човечкото тело и затоа „не можеме да ги гледаме нашите две слатки мали брадавици под ткаенината на несексуален начин“.
„Мораме постојано да се потсетуваме дека има повеќе од една причина зошто постојат женските тела“, забележува таа.

Актерката, која треба да ја добие британската награда за икона на наградите „Ел стајл“ за 2023 година, исто така зборуваше за еволуцијата на нејзиниот стил и зошто не се плаши да го промени својот изглед.
Во мај, ѕвездата ја избричи главата, а претходно ја обликуваше косата во долги русокоси прамени.
„Мислам дека отсекогаш сум била заинтересирана да носам облека што привлекува внимание. Кога бев тинејџерка, ги купував најчудните работи и ги шиев. Отсекогаш сум сакала бои. Отсекогаш сакав да бидам храбра“, вели таа.
„Barbie“ руши рекорди: Заработи 155 милиони долари, двојно повеќе од 80-те милиони на „Oppenheimer“