
Маж во Грција го убил шурата, затоа што со години му ја силувал ќерката
Во Волос, Грција, пред два дена 50-годишен Албанец уби 33-годишен сонародник, братот на неговата сопруга. Тоа го направил откако дознал дека неговиот шура девет години ја силувал неговата ќерка, пишува Прототема.
Препорачано
Неговата 18-годишна ќерка му кажала на својот татко дека нејзиниот вујко ја силувал уште од нејзината деветта година. Убиството било извршено со сачмарка која тој ја поседувал законски. Шурата се здобил со повреди на лицето и прострелни рани во градниот кош.
По убиството, мажот доброволно ѝ се предал на полицијата и признал дека го сторил делото.
Мажот побарал од братот на жената да му помогне со автомобилот во Агрија. При средбата дошло до вербален конфликт, по што 50-годишникот пукал во својот шура. Уапсениот со кривична пријава ќе биде изведен пред кривичен обвинител од Волос.
Грчките медиуми јавуваат дека мажот за време на сослушувањето рекол: „Јас сум таткото, што можев да направам? Го повреди моето дете“.
Грчките медиуми јавуваат дека кога тинејџерката му рекла на својот вујко дека ќе го пријави за силување, тој почнал да ја уценува. Оттаму наведуваат дека рекол дека ќе објави експлицитен материјал и дека допрва треба да му плати да не објавува.
Вујкото наводно ја силувал својата внука додека во куќата бил нејзиниот четиригодишен брат, јавуваат грчките медиуми. Адвокатот за локалните медиуми изјавил дека вујкото имал пристап до куќата и дека силувањата се случиле кога родителите на тинејџерката биле на работа.
Таткото наводно не знаел ништо, а видел дека нешто не е во ред кога ќерката почнала се почесто да му бара пари. Тие пари му ги дала на својот вујко. Кога нејзиниот татко ја прашал што се случува, тинејџерката му признала се. Откако таткото дознал кој ја силувал неговата ќерка, решил да го убие шурата.
Наводно, и мајката на тинејџерката не знаела ништо за силувањето. „Ќерка ми ништо не ми кажа, маж ми дозна за се, ми се јави и ми рече: „Го убив брат ти, морав“, изјави мајката за грчките медиуми.