Маж на годината? Скокнал врз поларната мечка за да ја одбрани сопругата

Пар од Канада ја напуштил куќата и тргнал во потрага по кучињата. Кога излегле, ги пресретнала поларна мечка која ја нападнала жената. Мажот скокнал врз мечката за да ја спаси својата сопруга.

Во пресметката со животното се здобил со сериозни повреди, но се очекува да закрепне.

Неочекуваната случка се случила во вторникот околу 5 часот по локално време.

„Таа паднала на земја, а нејзиниот сопруг скокнал врз животното за да го спречи нападот. Мечката му нанела сериозни повреди на раката и ногата, кои не се опасни по живот“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Би-би-си.

На помош дошол сосед и со пушка ја застрелал мечката. Повреденото животно се повлекло во шумата, каде што од повредите починало. Мажот бил пренесен во болницата каде што му била укажана помош.

Научникот Алиса Меккол објаснува дека поларните мечки ретко напаѓаат луѓе. Повеќето напади се случуваат кога мечките се гладни, млади и нерасположени.

Таа, исто така, дава важен совет ако дојдете лице в лице со ова животно: „Ако ве нападне поларна мечка, не глумете дека сте мртви – тоа е мит. Бегајте колку што ве нозат нозете“, предупредува Меккол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот