
Масовни пукања во Европа во последните четири децении
Вооружен напаѓач уби најмалку 11 луѓе во средно училиште во јужниот австриски град Грац, во најтрагичниот инцидент со масовно пукање во модерната историја на земјата, објави Ројтерс, кој пренесува некои од најлошите масакри во Европа во последните четири децении.
Препорачано
Белгија, мај 1987 година – Мајкл Ван Вијнендале убива седуммина, а потоа се застрелува себеси додека полицијата се обидува да го натера да се предаде.
Велика Британија, август 1987 година – Мајкл Рајан, 27-годишен фанатик за оружје, уби 16 луѓе и рани 11 во англискиот град Хангерфорд, пред да изврши самоубиство.
Франција, јули 1989 година – Француски земјоделец пукаше и уби 14 луѓе, вклучувајќи членови на неговото семејство, во селото Луксиол во близина на швајцарската граница. Полицијата го повредува, а потоа го апси.
Франција, септември 1995 година – 16-годишно момче во градот Куерс убива 15 луѓе со пушка по расправија со родителите, а потоа се самоубива.
ВИДЕО| Пукање во училиште во Грац , најмалку десет мртви и 28 повредени
Германија, април 2002 година – Роберт Штајнхаузер (19) отвора оган во Ерфурт откако изјавил дека нема да полага тест по математика. Убива 12 наставници, секретарка, двајца ученици и полицаец во гимназијата „Гутенберг“ пред да се самоубие.
Русија, септември 2004 година – Повеќе од 300 заложници, половина од нив деца, се убиени во училиштето број 1 во градот Беслан (Северна Осетија) откако беше заземено од бунтовници кои бараа независност за Чеченија и итен крај на војната. Многумина беа убиени кога руските специјалци влегоа во училиштето.
Финска, ноември 2007 година – Пека-Ерик Овинен уби шестмина соученици, училишната медицинска сестра, директорката и себеси со пиштол во средното училиште „Јокела“ во близина на главниот град Хелсинки.
Германија, март 2009 година – Седумнаесетгодишно момче уби деветмина ученици и тројца наставници во училиште во близина на Штутгарт и уште едно лице во блиската клиника. Подоцна тинејџерот беше убиен во престрелка со полицијата. Двајца минувачи беа исто така убиени, со што вкупниот број на жртви се искачи на 16, заедно со напаѓачот.
Словачка, август 2010 година – Вооружен човек уби шест члена на ромско семејство и уште една жена во словачкиот главен град Братислава пред да се самоубие. Уште 14 лица беа ранети.
Норвешка, јули 2011 година – Андерс Беринг Брејвик уби вкупно 77 млади луѓе. Тој прво активираше автомобил-бомба во која загинаа осум лица во владина зграда во Осло, а потоа уби уште 69 луѓе со пушка, претежно тинејџери, во летен камп за млади на владејачката Лабуристичка партија на остров во норвешкиот главен град.
Германија, јули 2016 година – 18-годишен германско-ирански маж опседнат со масовни убиства уби девет луѓе во Минхен.
Германија, март 2023 година – Вооружен човек во Хамбург уби шестмина пред да изврши самоубиство во сала за богослужба на Јеховините сведоци. Осум други лица беа ранети, вклучувајќи и седуммесечна бремена жена која ја загуби својата неродена ќерка.
Србија, мај 2023 година – Тринаесетгодишно момче уби осуммина соученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Два дена подоцна, вооружен човек уби осум луѓе и рани уште 14 во село во близина на Белград. Двајцата убијци беа уапсени.
Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40
Чешка, декември 2023 година – Студент го уби својот татко, а потоа уште 14 луѓе на универзитетот на кој студирал во Прага. Вооружениот млад човек, кој потоа се самоуби, според полицијата убил и еден маж и неговата двомесечна ќерка кои беа пронајдени мртви во шума во село надвор од Прага една недела претходно.
Русија, март 2024 година – Вооружени лица упаднаа во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва, убивајќи најмалку 139 луѓе и ранувајќи 182. Милитантната група Исламска држава на Ирак и Левантот (ИСИС, ИСИЛ) ја презеде одговорноста за нападот.
Хрватска, јули 2024 година – Вооружен човек влезе во дом за стари лица во северозападна Хрватска, убивајќи шестмина, вклучувајќи ја и неговата мајка, и ранувајќи уште пет други.
Шведска, февруари 2025 година – Вооружен човек уби 11 луѓе, а потоа си го одзеде животот, во Центар за образование на возрасни во најсмртоносното масовно пукање во земјата.