Масовна тепачка во скопско село, има повредени

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во скопското село Кучевиште вчера на 10.04.2020 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, информира МВР.

Министерството информира дека физичка пресметка избила помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с.Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63).

Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот