Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Маските од денеска се задолжителни на јавни места во Минхен, казни од 250 евра за непочитување

Во Минхен денеска стапи на сила мерката за задолжително носење на заштитни маски на јавни места каде што се собираат многу луѓе, како што се пешачки зони во центарот на градот. Градски редари го контролираат почитувањето на обврската за носење маски, но досега нема казни, туку само предупредувања. Казни од 250 евра се предвидени за непочитување на обврската за носење маски во пешачката зона на и околу централниот плоштад „Мариенплац“.

Редарите, како што е најавено, нема да толерираат исклучоци во случај на отстранување на маската поради пушење или консумирање храна или пијалоци.

Одлуката за продолжување на обврската за носење заштитни маски ја донесоа градските власти во Минхен на почетокот на неделава, откако бројот на нови пациенти ја надмина вредноста од 50 на 100.000 жители неколку дена по ред.

Новите правила содржат и ограничување на собирање на повеќе од пет лица на едно место, наместо претходните десет. За пошироката област на центарот на градот важи и забраната за алкохол по 23 часот, а продажбата на алкохол на киосците и продавниците е забранета веќе во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!