Маска од авокадо која и го враќа животот на уништената коса

Сте се запрашале како и со што да го подобрите изгледот на вашата коса? Без грижи, не ви се потребни скапи третмани, доволна е и оваа домашна маска од авокадо, јајце и маслиново масло.

Авокадото е полно со витамините Е и Б и има силно хидратантно делување на вашата коса, па по оваа маска, таа ќе заблеска како никогаш досега. Покрај тоа, поевтина е од готовите препарати за коса и не содржи конзерванси.

Еве што ви е потребно: Авокадо, 1 јајце и маслиново масло.

Како да ја направите?

Испасирајте половина авокадо во сад, додадете една жолчка и добро промешајте. Во смесата додадете и маслиново масло и повторно добро промешајте.

На косата рамномерно нанесете ја маската, а потоа добро замотајте ја косата во фолија и пешкир со цел да се затопли, па топлината да го засили делувањето. По 30 минути измијте ја косата и исушете ја. Применувајте ја оваа маска за коса 1-2 пати неделно и вашата коса повторно ќе блеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот