Масив атак - Фото: EPA PHOTO/KEYSTONE/EDI ENGELER

ВИДЕО | „Масив атак“ целосно ќе ја повлече музиката од „Спотифај“

На бендот ќе му се придружат и други бендови и музичари во знак на протест против воените инвестиции на извршниот директор на платформата Даниел Ек

Познатиот британски бенд „Масив атак“ најави дека ќе ја повлече својата музика од сервисот за стриминг „Спотифај“. Во официјална изјава, членовите на групата од Бристол ја изразија својата поддршка за иницијативата за културен бојкот „No Music for Genocide“ – движење кое повикува изведувачи, издавачки куќи и носители на права да ја повлечат својата музика од стриминг-платформите достапни во Израел, како протест против тековната офанзива врз Газа. „Масив Атак“ објави дека се приклучува на бојкотот, пренесува „Билборд“.
„Независно од оваа иницијатива, и имајќи ги предвид (пријавените) значителни инвестиции на извршниот директор на „Спотифај“ во компанија која произведува воени дронови и вештачка интелигенција за борбени авиони, побаравме од нашата издавачка куќа нашата музика да биде отстранета од „Спотифај“ во сите региони,“ соопшти бендот.

„Кај „Спотифај“, економскиот товар што веќе долго време е наметнат врз уметниците сега е надополнет со морален и етички товар – каде што тешко заработените пари од фановите и креативната работа на музичарите на крај се користат за финансирање на смртоносни, дистописки технологии,“ додаваат од „Масив атак“. „Доста е. Потребен е поинаков пат.“

Во последните недели, сè повеќе музички изведувачи ја повлекуваат својата музика од Спотифај, најчесто во знак на протест против Даниел Ек, извршниот директор на компанијата, и неговиот инвестициски фонд „Прима Медиа“, кој вложува во одбранбената компанија „Хелсинг“.

„Хелсинг“ во соопштение од 17 септември вели:

„Во моментов гледаме како се шират дезинформации дека технологијата на „Хелсинг“ е употребена во воени зони надвор од Украина. Тоа не е точно. Нашата технологија се користи исклучиво во европски земји за одвраќање и одбрана од руската агресија во Украина.“

Меѓу артистите што неодамна ја повлекоа својата музика од Спотифај  се: Hotline TNT, Young Widows, Godspeed You! Black Emperor, WU LYF, King Gizzard & the Lizard Wizard, Xiu Xiu и Deerhoof.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот