Марко Џорлев/фото: facebook.com/stipskiasovi

Марко Џорлев се закити со злато на Балканското првенство во карате за деца во Истанбул

На Балканското првенство во Истанбул, Турција, македонските карате надежи успеаја да се закитат со пет медали.

Златен медал освои Марко Џорлев во категоријата -50 кг. (13 години), најпрвин оствари победа од 5:0 против Иван Баришиќ од Босна и Херцеговина.

Потоа, Џорлев триумфираше со 2:0 против Матеј Радуловиќ од Србија, го совлада и Селим Сахин Тахсин од Турција со 1:0.

Џорлев славеше против уште еден турски натпреварувач на претпоследната пречка, Еге Озер, со резултат 3:1.

Џорлев доминираше и во финалето во кое со 3:0 оствари триумф над Адмир Аџем од Босна и Херцеговина со 3:0.

На Балканското првенство сребро освои Ринар Билали (-37 кг., 12 години), а бронза имаат Ајан Муареми (-40 кг., 11 години), Ејрона Емини (-44 кг., 13 години) и карате тимот 12-13 години. Резултатите од сите категории на турнирот можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот