Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Марко Алексовски ќе игра за полуфинале на турнирот во Белгија
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски успеа да се пласира во четвртфиналето на турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк.
Препорачано
Алексовски во денешниот меч од осминафиналето со пресврт стигна до победата од 2:1 во сетови против Луис Бернардо Саравиа од Португалија.
Првиот сет во неизвесна завршница му припадна на португалскиот тенисер, кој го доби со 7:5 во гемови. Но, во следните два сета целосен пресврт и Алексовски ги доби со идентични 6:1 во гемови што значи дека по 14 одиграни гемови Марко на противникот му препушти само два гема.
Во следната рунда (четвртфиналето) нашиот тенисер ќе игра против подобриот од мечот Ејдан Чан од Австралија, кој со 2:0 во сетови (6:3, 6:3) го победи Валентино Грасели од Италија.
Инаку, Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund и настапува на овој турнир во Белгија, кој е за тенисери и тенисерки до 14 години.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5