Марко Алексовски/фото: mtftennis.mk

Марко Алексовски елиминиран во полуфиналето во Белгија, следуваат нови настапи во Шпанија

Младиот македонски тенисер Марко Алековски е запрен во полуфиналето турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк.

Алексовски остана на чекор до финалниот меч и борба за пехарот на турнирот. Поуспешен од него беше тенисерот од Тунис Лејт Бенасер кој оствари победа од 2:1.

Првиот сет му припадна на Алексовски со 6:3 во гемови, но следните два ги доби противникот со 6:2 во гемови.

Турнирот е за играчи до 14 години, а Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund.

Алексовски пред овој турнир имаше настап и на турнир во Германија, а во периодот што следи ќе настапи и на два турнири во Шпанија како дел од тимот на ITF-Tennis Europe.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот