Марија Шерифовиќ / Фото: Инстаграм / serifovic

Марија Шерифовиќ заминува од „Ѕвездите на Гранд“: По 10 години донесе голема одлука, а еве кој ќе ја замени

Српската пејачка Марија Шерифовиќ го напушта големото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, и повеќе нема да биде дел од жирито на ова натпреварување.

Имено, Марија години беше дел од жирито на популарното натпреварување, а како што дознаваат српските медиуми, таа донела одлука да не биде повеќе дел од жирито од следната сезона.

Пејачката во неколку наврати истакна дека станала дел од ова музичко натпреварување по убедување на Саша Поповиќ. По неговата смрт, таа одлучила да не биде дел од ова музичко натпреварување по 10 години.

Според српските медиуми, пејачката Сања Вучиќ, која повремено ја заменуваше Марија на ова натпреварување како член на жирито, сега ќе биде постојан член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Инаку, Марија веќе еднаш сакаше да го напушти „Ѕвездите на Гранд“, но на убедување на Саша Поповиќ, таа одлучи да остане во ова музичко натпреварување.

– Вистина е дека во текот на изминатата година мислев дека е крајно време да продолжам понатаму, но бев задоволна од новата концепција – изјавила Шерифовиќ тогаш за медиумите, додавајќи дека била растргната од монотонијата поради одлуката на Саша Поповиќ да го промени начинот на кој се води споменатото шоу.

ФОТО | „8 март конечно има смисла“: Марија Шерифовќ ја доби првата црвена роза и балон во форма на срце од својот син Марио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот