
Марија Шерифовиќ призна сѐ за сурогат мајката: Не беше врзана за радијатор, имаше масажа секој ден…
Српската пејачка Марија Шерифовиќ крена огромна прашина во регионот кон крајот на минатата година, кога се дозна дека со помош на сурогат мајка добила син, на кого му го даде името Марио.
Препорачано
Сега, Марија гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ каде меѓу другото проговори за наследникот, но и за сурогат мајчинството, што, како што вели, е сосема нормално и прифатено во Америка, пренесуваат српските медиуми.
Пејачката на самиот почеток откри како се справува со улогата на мајка.
„Одлично, би рекла! Можеби е подобро да не зборувам за тоа, туку сите овие луѓе околу мене и овие силни мајки. Супер ми е, супер ми е! Имам една фотографија од Лос Анџелес, Марио е можеби 70 часа, лежам на грб, скрстени раце и го гледам и ја слушам Констракта ‘Што ќе правиме сега?!’. Сите шеги на страна, навистина уживам во секој ден, во секоја секунда и секогаш ми недостига, тоа го знаат мајките, па да побрзаме“, рекла Марија.
Интересно е што никој, додека Марија не открила дека има син, не знаел на каков чекор пејачката се одлучила.
„Зошто некој да знае?! Тоа е чисто лична работа, од многу интимна природа. Размислував дали воопшто има потреба да кажам нешто некому, што се однесува до некого, но тогаш веројатно би било уште полудо ако ме видат со дете кое има три или шест години, да ми кажува ‘Мамо’. Сакав да чекам се да заврши, се да биде, што би рекле бабите, жив и здрав. Потоа го објавивме, потоа беше целосен хаос во Србија околу еден месец, но, боже…“, објаснила пејачката.
Како што пренесуваа српските медиуми, сурогат мајчинството предизвика бројни полемики и контроверзи во декември минатата година, па Марија даде коментар и на таа тема.
„Во Америка сум од 2014 година, тоа тогаш не беше актуелно. Немаме доволно време да разговараме за ова подетално, дозволете ми да ви кажам се, можеби некому ќе му помогне, многу веројатно ќе му помогне. Сè што правев, го правев по совет на најдобрите доктори во САД во тој момент. Во моето единствено интервју реков, по некои неуспешни обиди, единственото решение беше ова – рекла Марија, а потоа објаснила:
„Страшно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето седат по весници, емисии, утрински програми и кажуваат како таа жена е врзана за радијатор, како е малтретирана личност, како е тоа… Господа, драги, ова е постапка која бара илјадници документи, потпишани документи. Мојата сурогат мајка не беше врзана за радијатор, имаше масажа секој ден, хигиеничарка во куќата… Таму не се работи за ропство!“, заклучила пејачката.
Се случил инцидент: Марија Шерифовиќ го прекина новогодишниот настап во Зеница