Марихуаната им овозможува поинтензивни оргазми на жените

Фото Профимедиа

Според едно ново истражување, употребата на марихуана пред секс може двојно да ги зголеми шансите за повеќекратни оргазми кај жените. Во оваа студија учествувале 373 жени, од кои околу половина пушеле марихуана, а другата половина не.

Иако веќе е познато дека марихуаната придонесува за мултиоргазмичност, науката уште нема дадено точни објаснувања за тој феномен, туку само претпоставки.

„Се верува дека доведува до подобрување на сексуалната функција така што ги намалува стресот и напнатоста“, наведуваат истражувачите во статијата објавена во магазинот Sexual Medicine.

Истражувањето го објави тим од Универзитетската медицинска школа во Сент Луис, при што биле  анализирани 373 жени. Околу 47 проценти од нив навеле дека пушат марихуана, а 34 проценти од таа група консумираат марихуана пред сексот.

„Повеќето жени пријавиле зголемување на сексуалниот нагон, подобрување на оргазмот, намалување на болката, но не и промена на лубрикацијата“, истакнуваат истражувачите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот