Вицепремиерот Бојан Маричиќ / фото: racin.mk

Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на Анѓушев за поставување на фотоволтаици, тврди Левица

Ексвицепремиерот Бојан Маричиќ продал археолошко наоѓалиште на бизнисменот Кочо Анѓушев за поставување на фотоволтаици и само Левица гласаше против, велат од опозициската партија.

Фотоволтаици, Фото: Левица

-Приватната компанија поставила фотоволтаици над археолошкото наоѓалиште Градиште во Кавадарци, а за тоа добила зелено светло од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија! Станува збор за поставување на панели, како и копање на довод на површина на опфат од фрапантни 0,9 хектари заштитена зона (археолошко наоѓалиште) оттуѓено од Република Македонија со потпис на Бојан Маричиќ!
Инвеститор е фирмата „Енерџи меинтененс солушнс“ (ЕМС), дел од конзорциумот „Фероинвест“, во сопственост на поранешниот вицепремиер на СДС, Кочо Анѓушев, управувана од Тодор Анѓушев – соопшти Левица.

Според партијата, Општина Кавадарци, пак, во август, 2023 добила барање од фирмата (уште пред да го откупи земјиштето) за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на кабелски 10(20) кВ подземен вод!

-По стручно мислење на лице од Националниот конзерваторски центар и по мислење од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија дека НЕМА културно наследство на парцелите кои инвеститорот ги бара, Советот на Општина Кавадарци, ја изменува Програмата за изработка на урбанистички планови и ја објавува одлуката за тоа во бр.38 Службен гласник на Општина Кавадараци на 30.8.2023 година, три месеци пред, всушност, земјиштето да биде отуѓено! Одлуката е донесена со еден глас „против“ од советникот од редовите на Левица, Круме Богевски, и 18 гласа „за“од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „независните советници“! Ја повикуваме новоназначената в.д директорка на Управата, Весела Честоева, која до пред два месеца беше директорка токму во Кавадарци, итно и неодложно да излезе во инспекција на фактичката состојба, а потоа Управата да покрене кривична одговорност против Маричиќ, кој го продал археолошкото наоѓалиште; против претходниот директор на Управата, Аријан Асланај, и стручното лице од Конзерваторскиот центар, кое го издало мислењето!​​​​​ – велат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот