Билјана Андреска Богдановска - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Билјана Андреска Богдановска - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Андреска-Богдановска: Кога бев бремена, имав епилептичен напад во сон

Во денешното издание на емисијата „Мамавизија“ имаме уникатна приказна на мајка која има пет деца. Дополнително, жена од бизнис-сферата. Наша гостинка е проф. д-р Билјана Андреска-Богдановска, ректор на Европскиот универзитет. Нејиното прво дете има 20 години, а петтото само две.

Открива на која возраст станува за првпат мајка, ги открива и предизвиците, кои не биле ни малку лесни, со кои се соочила за време на бременостите, за лоште епизоди отворено зборува со цел да ги охрабри идните мајки што се соочуваат со нешто слично, дека не се сами.

-Јас во седмиот месец од бременоста со првото дете одеднаш се разбудив во болница облечена во пижами. Не ми беше јасно што се случило. Сопругот ми раскажа дека сум имала епилептичен напад во сон. Во истата бременост епизодите се повторија уште два пати – раскажува таа.

Андреска-Богдановска додава дека за неа патот до мајчинството не бил лесен. Имала и неколку спонтани абортуси.

Раскажува за тоа како изгледа животот на една современа жена на функција, дополнително мајка во многудетно семејство, раскажува и за тоа како успева да ги постигне дневните обврски без при тоа семејството да трпи – дали постои посебна моќ за тоа или некој ѝ помага?
Андреска-Богдановска е позната за јавноста и како ќерка на Бојо Андревски, основоположникот на приватното високо образование во Македонија.

Вечерва ќе разговараме со мајката на Стефани, Бојо, Бобана, Тома и Тимон.

Гледајте ја четиринаесеттата епизода на „Мамавизија“ вечерва во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот