Клинички центар
Влез во Клинички центар / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Малолетник со тешки повреди донесен во Клинички центар

Во СВР Скопје вчера во 10 часот и 30 минути било пријавено дека претходниот ден во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен малолетник од селото Љубин, Скопско, со тешки телесни повреди.

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март околу 12 часот и 50 минути во село Сарј, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје. Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот