Пластичарската улица во Скопје/Фото: МИА

Малолетник прегазен на „Пластичарска“, возачот побегнал

Уште една трагедија на скопските улици. 21- годишен возач попладнево прегазил малолетник на улицата позната како „Пластичарска“ во Скопје и побегнал од местото на несреќата. Малолетникот веднаш бил пренесен во Ургентен Центар -Скопје, каде била констатирана смрт.

Во 16.47 ч. на бул.„Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возачот избегал односно го напуштил местото на настанот. По кратко време, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен, потврдија од МВР.

Неофицијално детето имало 10 години, а починало на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот