Макрон: Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран

Фото: EPA-EFE/MICHEL EULER / POOL MAXPPP OUT

Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешниот неформален самит на лидерите на јужните земји од Европската Унија (ЕУ) на Корзика, јави агенцијата ДПА.

– Ние, Европејците, мора да бидеме јасни и цврсти, не со Турција како нација или како со народ, туку со владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече Макрон.

Турската Влада се впушти во „неприфатливо однесување” со гасните истражувања во водите на што се жали Кипар, но и Грција.

– Ние сакаме да избегнеме каква било ескалација, но избегнувањето ескалација не може да значи пасивност или прифаќање”, смета францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот