Макрон: Париз и Пекинг треба заедно да придонесат за решавање на глобалните кризи

Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Шеесет години по воспоставувањето на дипломатските односи, Франција и Кина „сè повеќе треба да бараат нови можности за партнерство што придонесуваат за меѓународниот мир и стабилност“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„На 27 јануари 1964 година, генералот Де Гол ја донесе историската одлука да воспостави дипломатски односи со Кина…“, рече Макрон во видеото објавено на социјалните мрежи.

Според него, „очигледноста и здравиот разум“ повикуваат двете земји заеднички да бараат одговори на глобалните предизвици. Макрон ги наведе климатските промени, загубата на биодиверзитетот, безбедноста на храната и економскиот развој како примери.

Францускиот претседател со својата видеопорака одговори на видеопораката објавена вчера од неговиот кинески колега Си Џинпинг, по повод 60-годишнината од билатералните односи меѓу овие две земји.

Франција и Кина, постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат „одговорност да придонесат за решавање на меѓународните кризи, особено оние со флагрантно кршење на принципите врз кои се заснова меѓународното право“, рече Макрон, алудирајќи на двата главни конфликти во светот – руската инвазија на Украина и војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа.

Макрон беше во официјална посета на Кина во април 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот