Макрон кај Моди на парадата за Денот на Републиката

Макрон и Моди / Фото EPA-EFE/INDIAN PIB

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде почесен гостин на воената парада во Делхи по повод Денот на Републиката.

Макрон вчера пристигна во Индија и беше срдечно примен од индискиот премиер Нарендра Моди во Џајпур, главниот град на државата Раџастан, позната по палатите и махараџите.

Макрон денеска е почесен гостин на парадата што се одржува во Индија по повод годишнината од стапувањето во сила на индискиот устав на 26 јануари 1950 година, две години по независноста на земјата.

Нарендра Моди беше почесен гостин на парадата во Париз по повод Националниот ден на Франција на 14 јули.

Денеска нешто пред 10:30 часот по локално време, Макрон, придружуван од неговиот индиски колега Драупади Мурму, со кочија ќе минат низ центарот на градот до трибината од која ќе ја следат парадата.

По почесната стрелба, парадата ќе биде отворена со минување на 150 француски легионери, предводени од полковник Ан-Лор Мишел, која е командант на француската воздухопловна база во Итрес. На парадата ќе учествуваат и два француски борбени авиони Рафал и француски авион за полнење гориво Ем Ер Те Те. Ќе биде прикажана разновидна опрема, меѓу која ќе има и тенкови, но и јавачи на камили. На парадата ќе учествуваат и руски авиони МиГ-29 и руски тенкови Т-90.

Макрон ќе ги промовира и можностите за инвестирање во Франција за индиските претприемачи за време на неговата посета. Тој ќе има средба и со претставници на француската заедница во Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот