Македонските репрезентативци во традиционално карате во Белград/Фото: facebook.com/dejannedev.mk

Македонските репрезентативци во традиционално карате на Европскиот шампионат во Белград

На 35 Европски шампионат во традиционално карате кој ќе се одржува во српскиот главен град Белград (29-31 октомври 2021 година) ќе учествува и македонската репрезентација.

Нашата земја на овој настан во сениорска конкуренција ќе ја претставуваат Дејан Недев, Јадранка Недева и Бојан Богдановиќ.

Во јуниорска конкуренција ќе партиципираат Максимилијан Глигоров, Антонија Белазелкоска и Иван Пиневски пренесуваат од МТКФ.

Мила Младеновска ќе учествува во кадетска конкуренција, а во конкуренција на деца Борјан Синадиновски, Марта Димовска, Софија Јарчевска, Камелија Недев и Матеј Мангаровски.

На почетокот од овој месец Дејан Недев оствари нов голем успех освојувајќи го првото место на Европскиот куп за сениори (кати) во традиционално карате во Катовице, Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот