
Македонските работници во просек земаат плата од над 45.000 денари, пресметала државната статистика
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули изнесувала 45.276 денари, а тоа е за 10,5 проценти повеќе отколку во истиот месец лани, покажуваат пресметките на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според ДЗС, Ваквото зголемување се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: aдминистративни и помошни услужни дејности за 16,5 проценти, oбразование за 15% и дејности на здравствена и социјална заштита за 14,8 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 4 %, рударство и вадење на камен за 3,3 % и информации и комуникации за 3 %.
Просечната месечна бруто-плата, пак, во јули бил 68.102 денари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
19мин
-
22мин
-
31мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5