
Македонските одбојкарки поразени од Црна Гора на пионерската Балканијада
Пионерската женска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз од организаторот Црна Гора, 0:3 (11:25, 14:25, 23:25), го започна настапот на БВА Балканскиот шампионат за одбојкарки до 16 години во Плевља.
Препорачано
Нашите надежи во првите два сета играа во грч и тоа им создаваше проблеми и голем број на технички грешки што му овозможи на противникот лесно да дојде во предност од 2:0 во сетови.
Македонија одигра одличен трет сет, во кој имаше контрола над резултатот се до 17:15.
Сепак избраничките на селекторот Горан Славков не го издржаа притисокот и дозволија Црна Гора прво да израмни на 17:17, а потоа и константно да се игра поен за поен. Црногорките ја искористија првата сет и меч топка за стартна победа на Балканијадата.
Македонските пионерки новата шанса за прва радост во Плевља ќе ја бараат утре, кога во рамките од второто коло од 15.30 часот ќе ги измери силите со Турција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5