фото: vfmkd.org.mk

Македонските одбојкари напредуваа во Златната лига, им следува најважното

Македонија забележа скромен напредок во ЗЛ, каде го зазеде деветотото место, што е за едно место погоре од лани, а за две места подобро од преклани. Сега следува финиш на квалификациите за ЕП 2026, во кои црвено-жолтите имаат добри шанси да се изборат за учество на четвртиот континентален шампионат во низа

Македонската одбојкарска репрезентација ги заврши мечевите во Златната европска лига, а во август и следува она најважното. Македонија треба да се квалификува на Европското првенство 2026 што би би било учество на четврти европски самит во низа. Тоа е истакнувано како главна цел уште пред стартот на Златната лига.

Црвено-жолтите ќе играат два меча во август. Прво на 13 август играат како гости со Грција, а четири дена потоа во последниот меч од квалификациите се соочуваат со Грузија во Скопје. Нашиот тим е близу до успех во квалификациите како второпласиран во групата, но мора добро да одработи до крај за да ја постигне целта.

По настапите на европските првенства во 2019, 2021 и 2023 година би бил убав успех за македонскиот тим ако се пласира и на следното.

Настапот може да се оцени како успех

Настапот на црвено-жолтите во Златната лига, може да се оцени како успех, иако Македонија забележа само две победи во шест меча.

Во конечниот пласман Македонија е на деветотто место од 12 тима, што е подобрување во однос на претходните учества. Во Златната европска лига црвено-жолтите учествувале трипати, во 2023 се пласираа на 11. место, една година потоа се искачија за едно место погоре, а сезонава се деветтопласирани.

Во ранг-листите отскокнува Никола Ѓоргиев

Што се однесува до поединечниот ефект, најдобар впечаток на ранг-листите во неколку категории остави капитенот Никола Ѓоргиев. Ѓоргиев е на 10. место на листата за поентери со постигнато 92 поени вкупно, односно 4,6 поени по сет.

Во топ-20 на оваа листа е и Александар Љафтов, на 19. место со 68 поени или 3,4 поени по сет. Љафтов е и меѓу најдобрите 20 на листата за најдобри сервери, со вкупно седум аса. Никола Ѓоргиев е на листата најдобри смечери каде го зазема 12. место со просек од четири успешни смеча по сет во шесте меча, вкупно 151 смеч.

Филип Савовски е на 11. место на ранкингот за најдобри блокери со вкупно 13 успешни блокови од шест меча. Најдобар Македонец во рангирањето нз техничари е Ѓорѓи Ѓоргиев кој е на 16. место со процент на ефикасност од речиси 40 отсто.

Црна Гора не беше закана: Втора победа за одбојкарите во Златната лига!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот