фото: facebook/WAKO MACEDONIA

Македонските кикбоксери освоија два медали на Европското првенство во Италија

На Европското младинско првенство во кикбокс што се одржува од 12 до 21 септември 2025 година во Јесоло, Венеција, Италија,  македонските натпреварувачи се закитија со два медали.

Лука Змејкоски во категоријата лоу кик +81 кг (помлади пионери) го освои бронзениот медал. Во полуфиналната борба Змејкоски загуби со 3:0 против Јоанис Еманулидис од Грција.

Во женска конкуренција, постари јуниорки, во категоријата -60 кг Марија Димовска исто така дојде до бронзата.

Димовска во борбата за влез во финалето претрпе пораз против Рабија Карадаш од Турција со резултат 2:1.

Јуниорските репрезентативци на ЕП се предводени од претседателот на Кикбокс маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски – Урко.

На ова ЕП настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натпреварувачки влезови од 41 земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот